Намалена опасноста од појава на цунами на Хаваи

Од:

Укинато е предупредувањето од појава на цунами на Хаваи, соопштија локалните власти.

– Според сите податоци со кои располагаме намалена е опасноста од појава на цунами, се наведува во соопштението од Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.

Од Центарот посочуваат дека брановите и понатаму претставуваат опасност за пловните објекти и оти за нив предупредувањето важи уште неколку часа.

Националната метеоролошка служба на САД во меѓувреме го укина предупредувањето за појава на цунами во Канада и во Орегон, а предупрадувањето останува во сила за Северна Калифорнија.

Цунами предизвикано од денешниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата скала регистриран во канадската провинција Британска Колумбија, се движеше кон Хаваи, каде беше прогласена вондредна состојба, а жителите и туристите беа евакуирани.

Локалните власти наредија евакуација на најмалку 100.000 луѓе на Хаваи. Гувернерот на Хаваи, Нил Аберкромби прогласи вондредна состојба.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април