Намален бројот на жртвите на тероризмот во 2015-та

Од:

Бројот на жртви од тероризам во светот во 2015 година е намален за десет отсто, што е првпат по четири години да се намали бројот на жртви, се вели во Глобалниот индекс на тероризам 2016 (ГТИ).

Според индексот на Институтот за економија и мир, во терористички напади лани биле убиени 29.376 луѓе.

Од тероризмот лани најмногу биле погодени Ирак, Авганистан, Нигерија, Пакистан, Сирија и Јемен. Во нив се 72 отсто од жртвите лани, а Исламска држава е најсмртоносна група која убила 6.141 лице во 252 градови.

Според ГТИ, ризикот од тероризам во Србија, Црна Гора, Македонија и во Хрватска е минимален, додека одреден ризик има во БиХ и на Косово.

Но, бројот на држави во кои се регистрирани најголем број жртви е зголемен на 23, а најлошо погодени земји лани се Турција, Франција, Саудиска Арабија, Кувајт и Тунис.

Во државите од Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД), ИД го зголемила број на жртви во 2015 година за 650 отсто, најмногу во Турција и во Франција. Од 36 држави од ОЕЦД, 21 доживеале најмалку еден напад од ИД.

Ирак е држава која има најголеми економски загуби поради тероризам во 2015 година, речиси 90 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Во Њујорк: Автомобил полн со канти со бензин удри во луѓе, загинаа две лица, а петмина се тешко повредени

Горан Наумовски

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“