Најсиромашните земји вакцината ќе ја добијат дури во 2024 година

Од:

Програмата Ковакс на Светската здравствена организација е главната глобална шема за вакцинирање на луѓето во земјите со ниски и средни примања ширум светот против коронавирусот и има за цел до крајот на 2021 година да достави најмалку две милијарди дози вакцини, покривајќи 20 проценти од најранливите земји, главно во Африка, Азија и Латинска Америка.

Британските медиуми наведуваат дека поборниците на планот тврдат оти програмата се соочува со недостаток на средства, ризик за снабдување и сложени договори, што може да го оневозможат остварувањето на нејзините цели.

Во интерниот извештај на управниот одбор на компанијата Гави, која заедно со СЗО ја води програмата Ковакс, се наведува дека ваквиот неуспех може луѓето во сиромашните земји да ги остави без пристап до вакцини против Ковид-19 до 2024 година.

Во извештајот уште се наведува дека „ризикот од неуспех е голем бидејќи шемата е поставена многу брзо и на неистражена територија“.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Досега во светот се администрирани повеќе од девет милијарди вакцини против Ковид