Најроби: Побегнаа 40 пациенти со психички пореметувања

Од:

Најмалку 40 пациенти побегнале од психијатриска клиника во Најроби, а десет од нив во меѓувреме се вратиле во болницата, соопштуваат официјални лица.

-Ги бараме 30 –те пациенти со психијатриски пореметувања, кои не се вратија. Некои се вратија доброволно а некои ги доведоа членови од нивните семејства- изјави шефот на полицијата Самјуел Анампиу.

Тој додаде дека само двајца пациенти се вратиле сами во болницата додека останатите ги довеле семејствата, пренесе „Франс прес“.

Пациентите успеале да го совладаат обезабедувањето на клиниката за ментални болести „Матари “и да побегнат.

Поголемиот дел од нив го прескокнале ѕидот, а неколкумина излегле преку главната врата.
-На пациентите им е потребна терапија, рече Анампиу и додаде дека сите пациенти се мажи.
Според шефот на полицијата, се работи за добро испланирано бегство.

-Мора да имале стратегија. Без добро планирање невозможно е 75 лица да отворат две врата, а повеќе од половина од нив да уаспееат да побегнат, објасни Анампиу.

Еден од пациентите Кевин Кембои кого членовите на семејството го вратија на клиниката, раскажал дека побегнал откако друг пациент му рекол дека медицинските сестри во болницата започнале штрајк.

-Само следев еден од пациентите, а потоа си отидов дома. Таму видов дека сум во друго опкружување кое не ми одговара и решив да се вратам овде, пренесуваат медиумите.

Обезбедувањето на болницата успеа да запре најмалку 35 пациенти кои се обиделе да побегнат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он