Најмногу гласови на изборите во Кипар освоија партиите на центарот и левицата

Од:

Десноцентристичката Демократска партија (ДИСИ) освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Кипар, следена од левичарската Напредна партија на работниот народ (АКЕЛ), иако за најголем победник на изборите се смета малата екстремно десничарска партија Национален народен фронт (ЕЛАМ), која речиси двојно го зголеми својот број на пратенички места.

Покрај антиимигрантската, националистичка партија ЕЛАМ, која забележа раст од три проценти и освои 6,78 проценти од гласовите, одличен резултат постигна и новата партија Демократски фронт (ДИПА), со 6,1 процент, која беше создадена во 2018 година, со одвојувањето од центристичката Демократска партија (ДИКО), која традиционално беше трета политичка сила во Кипар.

Ваквиот резултат на ЕЛАМ и ДИПА е последица на фактот дека значителен број гласачи им го свртеа грбот на најголемите партии, поради незадоволството од традиционалните центри на моќ.

Врз основа на преброените 100 проценти од гласачките ливчиња, ДИСИ освои 27,8 проценти, следена од АКЕЛ со 22,4 проценти од гласовите.

Во споредба со претходните избори во 2016 година, ДИСИ освои 2,9 проценти помалку гласови, а АКЕЛ 3,3 проценти помалку.

Аналитичарите велат дека резултатите укажуваат на „многу големиот неуспех“ и на ДИСИ и на АКЕЛ да придобијат повеќе гласачи.

Парламентарните избори нема да влијаат врз работата на владата, бидејќи извршната власт е во рацете на претседателот на државата, кој е избран на вонредни, директни избори.

На гласачките места излегоа 65,73 проценти од 558.000 запишани гласачи.

Клучните теми во кампањата беа управувањето со пандемијата на коронавирусот и економското закрепнување на земјата, но и прашањето за мигрантите, бидејќи владата тврди дека не може да прифати нови мигранти.

Помалите партии ги повикаа гласачите да не гласаат за најсилната партија ДИСИ, која со години наназад ја обвинуваат за корупција.

Кипар е поделен на грчки и турски делови, а 56 места во парламентот им припаѓаат на Грците, додека 24 на Турците. Меѓутоа, од 1964 година Турците не учествуваат на изборите во Кипар, па во парламентот седат само 56-те грчки претставници.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ