Најмалку три лица загинаа и десетици се повредени денеска во верижен судар на југот на Шведска, поради голомразица на коловозот и густата магла која ја намалила видливоста.
– Потврдени се три жртви. Меѓу 15 и 20 лица се повредени. Во верижниот судар биле вклучени најмалку 50 возила, изјави портпаролот на шведската полиција Џими Нордин.
Локалните медиуми, меѓутоа, јавија дека во верижниот судар биле вклучени речиси сто возила на мостот, на автопатот кај малиот град Асторп, северозападно од Хелсинборг на југот на Шведска.
Повредените се префрлени во болница во Хелсингборг, додека останатите возачи се евакуирани со автобуси префрлени до првото поголемо место, додека патниот правец е затворен за сообраќај до полноќ, соопшти шведската полиција.