Најмалку три лица загинаа, а неколкумина се повредени откако бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот што го имал на себе пред ресторан во главниот град на Сомалија, Могадишу.
Се уште ниту една група не презеде одговорност за нападот.
Сомалиската група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда презеде одговорност за неодамнешните напади на тоа подрачје.