Најмалку тројца загинати откако торнадо ја погодин Хавана

Од:

Три лица загинаа, а 172 се повредени во торнадо што го зафати главниот град на Куба, Хавана, објави на Твитер кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел Бермудес.

Тој објави и фотографија од средба со спасувачките тимови.

– Ги пребаруваме местата погодени од бурата, штетата е голема, напиша Бермудес на Твитер.

По торнадото, што ја зафати Хавана синоќа околу 21 часот по локално време, голем број домаќинства останаа без струја, а куќите покрај брегот се поплавени.

Жителите се предупредени да останат во своите домови.

Според снимките емитувани од медиумите, уништена е инфраструктурата, има голем број паднати дрвја и превртени автомобили.

Евакуирана е болницата која претрпе значителна штета, а спасувачите ги пребаруваат урнатините во потрага по евентуални жртви.

Како што објавија локалните медиуми, торнадото е редок временски феномен на Куба, која во овој дел од годината има силни бури кои доаѓаат од Атлантикот.

По Куба, торнадото продолжи да се движи кон Флорида.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД