Најмалку три лица се убиени во терористичкиот напад на талибанските борци врз конзулатот на САД во Херат, главниот град на истоимената западна авганистанска провинција.
Речиси десет лица се ранети во нападот, соопштија британските медиуми.
-Никој не е повреден од американскиот персонал на конзулатот, изјави портпаролот на амбасадата на САД во Кабул.
Полициски извори од Херат изјавуваат дека се убиени двајца полицајци и телохранител, а двајца Авганистанци од персоналот на конзулатот се ранети.
Стејт департментот на САД сооопшти дека камион со напаѓачите запрел пред портата на конзулатот, каде се отворила престрелка меѓу нив и ообезбедувањето. Подоцна камионот бил кренат во воздух.
Шефот на полицијата во Херат прецизира дека четворица напаѓачи се убиени за време на нападот. Загинал и атентаторот самоубиец од камионот.
-Еден час по нападот ситуацијата веќе беше под контрола, изјави порпаролот на американската амбасада.
Подоцна талибанците по електронска пошта лиферуваа порака до медиумите, во која се наведува дека „целта ни беше на Американците да им покажеме дека не се безбедни никаде во нашата земја“.