Најмалку три лица загинаа во самоубиствен напад во Кабул

Од:

Тројца службеници на авганистанското Министерство за одбрана загинаа и десет се повредени во самоубиствен напад денеска врз воен автобус во Кабул, соопшти авганистанското МВР.

Тоа е четвртиот по ред напад во престолнината од понеделникот, кога положи заклетва новиот претседател на Авганистан.

Седум лица беа убиени во напад на меѓународниот аеродром во понеделникот, во средата во два бомбашки напади во градот загинаа уште седум лица.

Како и во претходните напади, талибанците ја презедоа одговорноста и за најновиот напад. Нивниот лидер мула Мохамад Омар ги повика Авганистанците на џихад за воспоставување исламско управување во Авганистан.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски