Најмалку сто лица се повредени, од кои осум се во критична состојба во судар на два патнички воза во германскиот град Бад Ајблинг во Баварија, јавуваат германските медуми.
Според медиумите во несреќата е можно да има и жртви, но засега не се дадени други информации за тоа.
Од јачината на ударот еден од возовите излетал од шините.
Портпартолот на полицијата Јирген Талмајер изјави дека возовите се судриле меѓу локалните железнички станици Холкирхем и Розенхајм.