Најмалку шестмина загинати во самоубиствен напад во Авганистан

Од:

Најмалку шест лица загинаа, а десетици се повредени во денешниот напад на бомбаш-самоубиец и вооружени талибанци на канцеларијата на авганистанската разузнавачка агенција во Џалалабад, во источен Авганистан.

– Жестоките судири меѓу талибанците и авганистанските безбедносни сили траеа неколку часа после нападот врз седиштето на Националниот безбедносен директорат, изјави Ахмед Зеја Абдулзаи, портпарол на гувернерот на источната провинција Нангахар, која се наоѓа близу пакистанската граница.

– Досега во болница се префрлени шест тела и 45 ранети. Повеќето жртви се цивили, истакна директорот на провинцијата Нангахар за јавно здравје Наџиб Камавал.

Талибанците ја презедоа одговорноста за овој напад.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски