Најмалку шестмина повредени во експлозија на бомба во северен авганистански град

Од:

Најмалку шест лица се повредени во експлозија во северниот авганистански град Мазар-е Шариф, соопштија денеска локалните власти.

Експлозијата се случила во областа на портата Балх додека „непријателот“ пренесувал експлозивни направи, изјави за ДПА портпаролот на провинциската полиција Мохамад Асиф Вазири, без да даде детали.

Шест ранети, меѓу кои и петгодишно дете се примени во регионалната болница, а едно лице е во критична состојба, изјави за ДПА началникот на болницата Гавсудин Анвари.

Од враќањето на талибанците на власт минатата година, серија терористички напади и се припишуваат на милитантната група Исламска држава (ИД).

Групи на отпорот како Фронтот на Националниот отпор (НРФ), исто така, извршија напади против Талибанците.

Талибанците ја презедоа власта минатиот август за време на повлекувањето на силите на НАТО предводени од САД.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Најмалку 10 лица се повредени во експлозија во Турција

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Русија, едно лице загина, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани