Најмалку шест лица загинаа, а 46 се ранети во вчерашниот самоубиствен напад со автомобил бомба пред домот на полициски началник во Пакистан, соопштија пакистанските власти.
Напаѓачот го кренал во воздух автомобилот со кој управувал и кој бил полн со експлозив, кусо откако директорот на полицијата во југозападната провинција Белуџистан, Муштак Сухера се вратил во својот дом.
Нападот е извршен во регионалниот главен град Куета, а Сухера не е повреден.
Во нападот се убиени двајца полицајци, тројца борци од паравоените формации и еден случаен минувач.
Исламистите се активни во Белуџистан.
Пакистанската провинција, која се граничи со Авганистан и Ирак, често пати е арена на напади врз шиитското малцинство и таму дејствува сепаратистичо бунтовничко движење.