Двоен терористички напад беше извршен во христијански кварт во пакистанскиот град Лахор при што загинаа најмалку шест луѓе.
Одговорност за нападот презедоа пакистанските талибанци.
Експлозиите одекнаа во близина на Католичка црква во момент кога голем број христијани присуствуваа на неделна литургија во квартот Јоханабад во вториот по големина пакистански град.
Најмалку 27 луѓе се ранети во нападите.
По двете експлозии толпа жители од квартот нападнаа маж за кој сметаа дека има врска со двојниот напад.