Најмалку шест лица, меѓу кои и цивили, загинаа денеска во бомбашки напад на хотел во центарот на Сомалиската престолнина Могадишу. Одговорност за нападот презеде исламистичката група Ал Шабаб.
Автомобил бомба го разнесе влезот во хотелот во кој во тој момент се наоѓале сомалиски пратеници и министри. Потоа, напаѓачите влегле во зградата, а бомбаш – самоубиец го активирал експлозивот кој го носел на себе.
Во нападот е повреден вицепемиерот на Сомалија, Мохамед Омар Арте, министерот за сообраќај, Али Ахмед Џамак и еден пратеник.
Полицискиот функционер Мохамед Хусеин изјави дека по експлозијата следела жестока престрелка.