Најмалку седум лица загинаа, а 22 се повредени денеска во самоубиствен бомбашки напад во центарот на Кабул, соопштија авганистанските власти, пренесува Фена.
– Првичните информации наведуваат дека се убиени седуммина и повредени 22 лица, меѓу кои има жени и деца, изјави Саед Кабир Амири, директор на болницата во Кабул.