Најмалку седуммина загинати на денот на изборите во Бангладеш

Од:

Најмалку седум луѓе загинаа во судири во Бангладеш додека граѓаните излегуваат на избори во државата во која предизборната кампања беше обележана со насилства.

Властите во државата наредија прекин на брзиот интернет за сите до затворање на избирачките места за да се спречи ширење „гасини“ што може да предизвикаат немири.

Се очекува актуелната премиерка Шеик Хасина да освои трет мандат по ред. Партијата Лига Авами на премиерката, го води Бангладеш од 2009 година.

Нејзината долгогодишна соперничка, лидерот на опозицијата Халеда Зиа е во затвор поради обвинувања за корупција во оваа година и е оневозможено да учествува на изборите. Таа тврди дека тоа е поитички мотивирана одлука.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници