Во напад на израелската авијација денеска загинаа седум лица во Појасот Газа, со што бројот на жртви се искачи на 57 лица на третиот ден од израелско-палестинскиот судир.
Вчера животот го загубија најмалку 29 Палестинци, а Хамас продолжи со ракетни напади врз територијата на Израел.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас го обвини Израел за геноцид во Газа, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека ќе бидат преземени уште поостри мерки.