Најмалку седум припадници на филипинската армија загинаa, а 13 се ранети во судири со припадниците на муслиманските радикали од групата Абу Сајаф, на југот на филипинскиот архипелаг.
Судирите со припадниците на групата Абу Сајаф, поврзана со Aл Каеда, според филипинската армија започнале во четвртокот, а медиумите во Манила претпоставуваат дека филипинската армија ќе побара помош и од американските маринци што се наоѓаат во близина на островот Сулу.
Припадниците на групата Абу Сајаф, познати и како екстремно крило на таканаречениот МОРО исламски фронт, до потпишувањето на примирјето меѓу МОРО и властите во Манила, на почетокот на оваа година, најчесто ги подготвуваа операциите за киднапирање на богати филипинци и странци. Од кога, во април, фронтот МОРО го положи оружјето зачестија нивните судири со филипинската армија и полиција.