Најмалку петмина загинати во судар на два мали авиони во Калифорнија

Од:

Најмалку пет лица се смета дека загинале, во сударот на два помали авиони во Калифорнија, во реонот на Сан Диего, соопшти полицијата од овој американски град.

Инцидентот се случил во воздух, над локалните аеродром Браун Филд, а спасувачките екипи кои биле итно испратени на местото на удесот, јавуваат дека станува збор за „жесток судар“.

Големата силина на сударот се објаснува што најдените делови од двата авиони се расфрлани на површина од 1,5 километри, а на земјата се најдени многу мали парчиња од леталата.

Според полицијата и аеродромските власти, станува збор за судар на двомоторен авион од типот „Сбрлајнер„ и едномоторна „Цесна“ мошне популарна кај Американците, љубители на летањето.

Засега не се нзае како дошло до сударот, ниту пак за бројот на патниците во двата авиони.

Полицијата не го знае ниту идентитетот на жртвите, но се верува дека меѓу нив има функционери на најголемиот британски воено-индустриски комплекс БАЕ.

Претставник на компанијата во Лондон само потврдиле дека е примена информација, за тоа дека нивни вработени, биле во авион кој во САД имал судар со друго летало.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја