Најмалку петмина загинати при судир на патнички воз и автобус во Канада

Од:

Најмалку пет лица загинаа денеска при судир на патнички воз и двокатен градски автобус во канадскиот главен град Отава.

Канадските медиуми јавија дека сите жртви биле патници во автобусот, кајо и дека нема информации за посериозно повредени меѓу лицата кои патувале со возот.

Според очевидци, до несреќата дошло кога автобусот тргнал преку железничката пруга и покрај спуштената рампа на премиенот.

На местото на несреќата пристигнале повеќе противпожарни и амбулантни возила.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Трудо поднесе оставка