Најмалку петмина ранети во оружен инцидент во Лос Анџелес

Од:

Најмалку пет лица се ранети во пукање на плажа во Лос Анџелес, јавуваат американските медиуми. Пукањето се случило во 17:44 часот по локално време на плажата Ројал Палмс во областа Сан Педро.

Брза помош превезе четири лица со прострелни рани во локалните болници. Околу 19.00 часот полицијата дознала дека петтата жртва во болница ја однел пријател. Од полицијата велат дека дел од повредените се во стабилна, а други во критична состојба.

Осомничениот побегнал со автомобил од местото на настанот, но се уште не е уапсен.

„Трагично иронично е што денеска бевме домаќини на откуп на оружје недалеку од местото на престрелката“, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина