Најмалку петмина полицајци загинаа во напад на талибанци врз контролен пункт во јужната авганистанска провинција Гилменд.
Во престрелката е убиен и еден од напаѓачите, а неколкумина од нив се ранети.
Во изминатите недели талибанците презедоа серија терористички напади на целата територија на Авганистан при што загинаа десетици луѓе.