Пет лица загинаа, над 50 се повредени откако утрово се преврти трамвај во јужен Лондон. Полицијата соопшти дека возачот е приведен.
Спасувачките екипи усепеаја да извлечат неколку луѓе од под трамвајот, каде се наоѓаат уште две лица.
– Неутврден број на луѓе се одведени во болница и за жал, можам да кажам, дека има човечки жртви, изјави заменик-началникот на Британската транспортна полиција Робин Смит.
Портпаролот на лондонската служба за брза помош изјави дека 51 лице се хоспитализирани, а некои од нив се во тешка здраствена состојба.