Три деца и две жени загинаа изминатата ноќ во пожар во куќа во северниот англиски град Шефилд, соопшти портпаролот на противпожарната служба.
– Започната е истрага за разјаснување на причините за пожарот, рече тој.
Според портпаролот на полицијата, се уште не е можно да се утврди каде во куќата почнал пожарот и дали има други повредени.
Службите за итна помош добиле повик по полноќ и испратиле пет противпожарни возила да го изгаснат огнот, кој пламнал во таа викторијанска куќа во станбен кварт во Шефилд.