Најмалку пет лица загинаа во напад врз британско дипломатско возило во Кабул

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а 30 се повредени кога бомбаш-самоубиец изврши денеска напад врз автомобил на британската амбасада во Кабул.

Административниот началник на кабулските болници Кабир Амири рече дека жртвите биле Авганистанци цивили. Според него, 34 лица биле повредени.

Портпаролот на британската амбасада го потврди нападот изјавувајќи дека неколку лица во автомобилот биле повредени. Според него, во возилото немало британски дипломати.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, извршен во источниот дел на авганистанската престолнина, каде што се наоѓаат многу странски претставници и меѓународни воени објекти.

Според локални медиуми, меѓу убиените имало двајца странци.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски