Најмалку пет лица загинаа денеска, откако бомбаш самоубиец се разнесе, а други вооружени лица отворија оган во зграда на суд во северозападната пакистанска погранична провинција Пешавар, јави ДПА.
Некои од вооружените лица влегле во Судскиот комплекс, што се наоѓа во главниот град на провинцијата Пешавар, изјави провинцискиот министер за информации.
Пет лица се убиени, а 26 повредени, изјави службеник во државната болница.
Се уште не е познат точниот број на напаѓачите.
– Бомбашот самоубиец се разнесе на почетокот на нападот, по што почна жестока борба, изјави болнички службеник.
Никој не презема одговорност за нападот, но талибанските бунтовници често ги напаѓаат цивилните и безбедносните сили во регионот.