Најмалку пет лица загинаа во инцидентот во Џенова

Од:

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот инцидент на пристаниште во северозападниот италијански град Џенова. Четири луѓе се водат како исчезнати. Уште толку се повредени и се во болница.

Сите загинати се вработени во пристаништето.

Несреќата се случила откако брод удрил во контролната кула во пристаништето. Огромната, над 50 метри висока кула, е урната од сударот.

Инцидентот се случил точно при предавањето на смените на вработените и затоа во кулата имало повеќе луѓе од вообичаеното. Три лица веројатно биле блокирани во лифтот на кулата и можеби паднале во морето.

Сударот се случил додека товарниот брод „Џоли Неро“ менаверирал на излегување од пристаништето. Бродот со должина од 238 метри и тежина од 40.594 тони е сопственост на компанијата Инацио Месина енд. Ко.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски