Најмалку пет лица загинаа, а 62 се ранети во самоубиствен напад во Авганистан

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а 62 се ранети денеска во самоубиствен напад со автомобил-бомба врз административен комплекс во јужната авганистанска провинција Забул, соопштија авганистанските власти.

Бомбаш-самоубиец детонирал еден тон експлозив, сместен во камион пред влезот во комплексот владини згради во Каланта.

– Околу илјада килограми експлозив се употребени во нападот, изјави Мирваис Нурзаи, шеф на полициајта во провинцијата Забул.

Експлозијата предизвикала штета на влезот на комплексот на провинцискиот совет во Забул.Во нападот се ранети тројца членови на советот, вклучувајќи две жени. Во нападот има и ранети деца.

Се уште никој не ја презел одговорноста, но во Забул изминатиот период зачестија акциите на бунтовничките групации, вклучувајќи ги и тие против хазарејското малцинство. Талибанците исто така се многу активни во провинцијата, која се граничи со Пакистан.

Би можело да ве интересира

Нападната база во Кабул: Има мртви

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица