Најмалку пет лица се повредени во експлозијата во центарот на Москва

Од:

Најмалку пет лица се повредени кога синоќа на една автобуска станица во центарот на Москва експлодирала рачно изработена бомба, соопшти денеска локалната полиција.

Бомбата експлодирала во дел од градот каде што се наоѓаат голем број кафулиња и ресторани.

– Започната е истрага против ваквото хулиганство, изјави портпаролот на московската полиција Максим Колосветов.

Другиот полициски портпарол Андреј Галиакберов истакна дека првичните информации од истрагата покажуваат дека експлозивот е фрлен или од автомобил или од некоја висококатница во близина, при што неколку лица се повредени.

Здравствените служби потврдија дека четири лица се хоспитализирани синоќа, а денеска е примено уште едно лице.

Претходно полицијата соопшти дека е можно експлозијата да била предизвикана од рачно изработени петарди.

– Бев на автобуската станица и одеднаш слушнав силна експлозија. Беше страшно. Пред да избегам, ми се пристори дека некои луѓе пукаат, посведочи една 28-годишна девојка.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски