Најмалку осуммина загинати во поплави во Романија

Од:

Најмалку осум лица загина, а три други се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од поројните дождови што го зафатија реонот на округот Галац во источниот дел на Романија.

Според раководителот на Окружниот совет на Галац, Николае Бакалбаша, под вода се 715 станбени објекти во 17 населени места во округот, од каде се евакуирани над 5.000 лица.

Во многу делови на округот во прекин е снабдувањето со електрична енергија, а голен број лица побарале спас од надојдената вода искачувајќи се на покривите на своите куќи.

Бакалбаша информира дека повеќето патишта во округот се непроодни, како и дека во прекин е и железничкиот сообраќај.

Романските медиуми јавија дека меѓу загинати се и едно осумгодишно и едно четиригодишно дете.

Во поплавените реони се испратени припадници на службата за вонредни состојби, како и полициајци и околу 1.000 војници, кои им помагаат на настраданите.

Поради поплавите, романскиот премиер Виктор Понта за денеска свика итна седница на Штабот за вонредни состојби.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген