Силна експлозија го потресе Могадишу денеска, кога како што се претпоставува, бомбаш-самоубиец активирал моќна експлозивна направа во напад врз воена база во центарот на главниот град на Сомалија.
Најмалку осум лица загинаа, а 14 се повредени во нападот, соопштија од брзата помош.
– Најверојатно се работи за самоубиствен напад, сега ги транспортираме повредените, изјави градоначалникот на Могадишу, Абдулахи Мохамуд.