Најмалку осуммина загинати на островот Сент Мартин од ураганот „Ирма“

Од:

Според најновите информации, најмалку осум лица го загубиле животот, а 23 се повредени на островот Сент Мартин при ударот на ураганот „Ирма“, јави дописникот на МИА од Париз.

Изјавата ја даде францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колом, кој стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем бидејќи околу седум илјади лица одбиле да бидат евакуирани.

– По минувањето на урагнатот, 95 отсто од островите Сент Мартин и Сент Бартелеми се уништени, истакна Даниел Гибс, претседател на островската територија.

Француските власти испратија итна помош кон нивните територии, но ситуацијата може да стане посложена со оглед дека од невремето силно е оштетен и аеродормот, но засега е расчисетна една од пистите.

Би можело да ве интересира

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи