Најмалку осум загинати при бомбашки напад во Авганистан

Од:

Најмалку осум лица загинаа, а над 22 други се ранети денеска, при експлозија на автомобил-бомба пред една џамија во близина на индискиот Конзулат во авганистанскиот град Џалалабад.

Поголемиот дел од жртвите се деца кои оделе на верска настава во џамијата.

Началникот на локалната полиција, Шарифула Амин соопшти дека нападот го извршил бомбаш-самубиец кој управувал со автомобилот-бомба.

Тој нагласи дека цел на нападот бил индискиот Конзулат, појаснувајќи дека напаѓачот сакал да дојде пред зградата на дипломатското претставништво, но бил спречен од полицијата на околку сто метри од неа, по што го активирал експлозивот во неговиот автомобил.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан