Најмалку едно лице загина во нов руски напад врз Киев

Од:

Едно лице е убиено, а две други се ранети во нов руски напад врз Киев вечерва, соопштија локалните власти.

Остатоци од дрон паднале врз деловниот кварт Холосиевски и предизвикале пожар, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Спасувачките екипи продолжуваат да ја пребаруваат зградата што e погодена.

Градоначалникот изјави дека клучната инфраструктура во градот била намерно целена и дека снабдувањето со топла вода во неколку населби може да биде нарушено.

Русија, исто така, употреби балистички ракети во голем напад синоќа.

Најмалку 15 лица се убиени, а 39 се ранети во Киев, соопштија украинските власти.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија