Најмалку единаесет лица се удавија во превртен рибарски брод во Бенгалскиот залив

Од:

Најмалку 11 лица загинаа, а десетици други се исчезнати откако рибарски брод, во кој се превезувале муслимани Рохинџа на пат кон Малезија потонал во водите кај Бенгалскиот залив во Бангладеш, соопштија денеска властите, јави ДПА.

Нор Ахмад, претставник на локалната самоуправа, за агенцијата изјави дека крајбрежната стража вадела тела на речиси еден километар од островот Свети Мартин, најјужниот дел на Бангладеш, во Бенгалсккот залив.

-Бродот бил преполн, на него имало 124 лица, кога рано утринава се превртел, изјави Ахмад телефонски за ДПА од островот. Меѓу патниците имало околу 90 жени и осум деца.

Шеесет и едно лице се спасени, а останатите се водат за исчезнати, додаде тој.

-Сите тие се Рохинџа и пловеа за Малезија во мал чамец низ Бенгалскиот Залив“, рече Ахмад.

Воената морнарица и крајбрежната стража на Бангладеш трагаат по исчезнатите, додаде Ахмед.

Смртните случаи од превртени чамци и бродчиња што носат мигранти без документи се вообичаена појава во оваа земја, бидејќи многу Рохинџа живеат во кампови во Бангладеши, и како и локалното население, се обидуваат да го минат Бенгалскиот Залив и да заминат за Малезија или за други дестинации.

Во Бангладеш во моментов престојуваат повеќе од милион муслимани Рохинџа, откако беа прогонети од соседен Мјанмар. Од нив, речиси 750.000 границата ја минаа по военото протерување во 2017 година, во кое загинаа непознат број луѓе во северната држава Рахина, во Мјанмар, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Рохинџа бегалците бараат отштета од 150 милијарди долари од Фејсбук

А1он

300 луѓе се водат како исчезнати по пожар во бегалски камп за Рохинџи во Бангладеш

Жарко Настоски

По шест месеци минати во чамец во океанот спасени 300 бегалци Рохинџи

Ана Ололовска

Во Малезија приведени 269 бегалци Рохинџи

Ана Ололовска

Најмалку 20 Рохинџи починале плутајќи два месеци на море

Ана Ололовска

Полицијата во Бангладеш уби седум мажи Рохинџи под сомнение дека се бандити

Ана Ололовска