Најмалку двеста лица исчезнати по пукањето на рударската брана во Бразил

Од:

Најмалку двеста луѓе се исчезнати откако денеска пукна рударска брана во југоисточниот дел на Бразил, поплавувајќи го подрачјето во близина на населбата Вила Фертеко, што предизвика страв од ширење отровен отпад и можно загадување на животната средина.

Пожарникарната служба соопшти дека повеќе десетици лица се заробени на местото на несреќата.

Бразилската рударска компанија „Вале СА“ соопшти дека се уште нема информации за евентуални жртви или повредени, но наведе дека рударскиот отпад стигнал до населбата Вила Фертеко и до административните канцеларии на државата Минас Жераис.

Како што пренесуваат локалните медиуми, делови од градот се евакуирани и пожарникарите ги спасувале луѓето со хеликоптер и со возила.

Претседателот Жаир Болсонаро напиша на Твитер дека жали поради овој инцидент и информира дека испратил тројца министри во таа област.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск