Најмалку две лица загинаа и десетина се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди северна Калифорнија.
Земјотресот оштети домови и патишта, прекина некои комунални линии и остави без вода и струја неколку илјади жители од областа во близина на градот Рио Дел.
Земјотресот се случи на околу 350 километри северно од Сан Франциско, а по него имало околу 80 последователни потреси.
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во округот Хумболт, кој беше најтешко погоден од земјотресот.
Њусом им нареди на државните аген ции и служби да преземат соодветни мерки за да ја обезбедат потребната помош за локалната заедница.
Извор: МИА