Најмалку две жртви во експлозија во Сомалија

Од:

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во експлозија на автомобил бомба, чија цел било градилиште долж пат во близина на сомалискиот главен град Могадишу, соопшти локаната полиција.

Екстремистичката организација Ал-Шабаб, која е поврзана со Ал Каида, ја презеде одговорноста за нападот, јави радио станицата на групата, Андалус.

Меѓу повредените има шест турски државјани, од кои двајца се во тешка состојба, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Полицијата информира дека бомбашот самоубиец со автомобил удрил во место каде што ручале турски инженери и сомалиски полицајци.

Би можело да ве интересира

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Најмалку 10 лица се повредени во експлозија во Турција

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Русија, едно лице загина, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени