Најмалку двајца загинати во земјотрес во Средна Америка

Од:

Најмалку две лица загинаа денеска при силен земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Централна Америка.

Американскиот геофизички институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на осум километри североисточно од јужниот мексикански град Пуерто Мадеро во близина на границата меѓу Мексико и Гватемала, со жариште на длабочина од 92 километри под површината на земјата.

Земјотресот бил почувствуван во јужните делови на Мекиско, вклучително и во главниот град Мексико Сити, како и во Гватемела и во Салвадор.

Двајцата загинати се во гватемалскиот град Сан Маркос, кој се наоѓа во близина на епицентарот на потресот. Околностите под кои тие загинале не се соопштени.

Мексиканските медиуми јавуваат дека при земјотрсот се оштетени неколку станбени и деловни објекти во реонот на епицентарот, како и дека дошло до прекин на електричната енергија во неколку населени места во Гватемала.

Би можело да ве интересира

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија