Во експлозија во станбена зграда во чешкиот град Френштат под Радхоштјем, во источниот дел на земјата, најмалку двајца мажи загинале, 11 лица се повредени, а неколку луѓе се сметаат за исчезнати, јави дописникот на МИА од Прага.
Како што соопшти полицијата, најверојатно се работи за експлозија на гас и на местото на несреќата се наоѓа специјален спасувачки тим со кучиња обучени за потрага по изчезнати.
Зградата во која има шест станови е значително оштетена.