Најмалку девет лица загинаа, од кои две деца во синоќешните координирани напади, во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопшти полицијата.
Терористите нападнале повеќе контролни пунктови во Могадишу, при што употребиле и автомобил-бомба. При нападот оштетени се и повеќе објекти и домови.
Одговорност, за еден од најкрвавите напади во изминатите години, ја презеде исламистичката терористичка група Ал-Шабаб, која тврди дека и запленила воена опрема.
Сомалија е цел на напади на Ал-Шабаб, која контролира поголемите делови од јужните и централните региони на Сомалија.
Последниот напад е невообичаен, бидејќи Ал-Шабаб вообичаено извршува напади во Могадишу со бомбаши-самоубијци.
Извор: МИА