Најмалку девет лица загинаа во протестите во ДР Конго

Од:

Најмалку девет лица беа убиени за време на протестите во Демократка Република Конго против плановите на претседателот Жозеф Кабила да го продолжи своето владеење, јави ДПА.

Илјадници лица излегоа вчера на улиците во знак на протест против плановите на Кабила да остане на власт.

Портпаролот на Владата изјави дека девет лица биле застрелани за време на судирите со полицијата во главниот град Киншаса.

Претходно претставник на опозицијата изјави дека во судирите загинале 15 лица, меѓу кои севет студенти.

Според неофицијални информации меѓу загинатите има и полицајци.

Демонстрантите палеа автомобилски гуми и го блокираа сообраќајот.

Протестите во Киншаса и источниот град Гома почнаа, откако Парламентот усвои закон, кој предвидува попис на населението пред следните претседателски избори, предвидени за 2016 година.

Според критичарите целта на овој закон е изборите да бидат пролонгирани, со оглед на тоа дека според Уставот Кабила нема право да се кандидира за трет мандат.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска