Најмалку девет лица убиени во напад врз џамија во северна Нигерија

Од:

Најмалку девет лица загинаа, а десетици други се ранети во напад врз џамија во северна Нигерија, за време на утринска молитва, соопшти локалната полиција.

Полицискиот комесар Бала Курјас потврди дека нападот се случил во селото Бааре, во областа Машегу, јавуви Анадолија.

-Командата на државната полиција веќе ангажираше безбедносни сили во погодената област за натамошна заштита на животите и имотот во оваа заедница, рече Курјас.

Полицијата е во потрага по осомничените напаѓачи, кои наводно нападот го извршиле кога локалното население било на утринска молитва.

Очевидецот Ахмад Јау изјави дека ранетите се префрлени во болницата Контагора.

Нападот се случува на помалку од два месеци откако бандити убија 18 верници во џамија во селото Мазакука во истата област.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи