Најмалку девет ученици загинаа денеска во самоубиствен напад во југоисточната авганистанска провинција Пактија.
Бомбашот-самоубиец активирал експлозивна направа на мотор во близина на пазар, додека минувал американски воен конвој. Во близина на местото на експлозијата имало група ученици, кои биле на пауза за ужина.
Дваесетина ученици се повредени во експлозијата. Според локални очевидци најмалку еден војник е загинат и двајца се повредени.