Најмалку десетмина убиени во самоубиствен напад во Могадишу

Од:

Најмалку десет лица се убиени, а неколкумина се ранети во самоубиствен напад со автомобил-бомба во близина на претседателската палата во Могадишу, соопшти полицијата.

Меѓу убиените има и војници и цивили.

Полицијата соопшти дека целта на бомбашот бил воен контролен пункт во близина на задниот влез на палатата.

По првата експлозија, во близина се слушнала и втора, а чуст чад се ширел над престолнината на Сомалија. Причината за втората експлозија допрва треба да се утврдува.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Инаку, екстремистичката група Ал-Шабаб, која е поврзана со Ал-Каеда, често го напаѓа Могадишу.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија