Најмалку десет ирачки војници се убиени денеска при напад на џихадистичката група Исламска држава во провинцијата Анбар.
– Имаме 10 убиени и шестмина повредени војници при напад на ИД утринава, соопшти армијата на Ирак.
Локалните власти и полицијата го потврдија нападот и бројот на жртвите.