Најмалку четворица загинати во престрелка помеѓу индиската и пакистанската армија во Кашмир

Од:

Пакистанската и индиската армија денеска разменија оган во спорната хималајска област Кашмир, при што загинаа четири цивили, а десетина се повредени.

Пакистанското Министерство за надворешни работи денеска упати дипломатски протест поради вчерашното „кршење на примирјето“ при што загинаа тројца цивили, од кои две деца откако припадници на индиската армија отворија оган врз пакистанската страна во Кашмир.

Во меѓувреме, портпаролот на индиската армија Девендер Ананд изјави дека Пакистан во понеделникот и вчера ги нападнал позициите на индиската армија.

Кашмир е поделен помеѓу Пакистан и Индија. Одлуката на индискиот Парламент донесена во август за намалување на автономијата предизвика нов круг тензии помеѓу двете соседни и земји.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски