Најмалку четири лица загинаа, а 15 се повредени при експлозија на бомба пред колеџ во југозападен Пакистан.
Инцидентот се случи пред колеџ во главниот град на пакистанската покраина Белуџистан, Квета.
Помеѓу жртвите нема наставници и ученици, бидејќи колеџот е затворен поради зимскиот распуст.
Се уште никој нема преземено одговорност за нападот.